Првиот викенд на ноември во Битола ќе биде фудбалски празник под Тумбекафе. На стадионот “Петар Милошевски“ ќе се игра вечното дерби на македонскиот фудбал помеѓу вечните фудбалски ривали Пелистер и Вардар. Овој натпревар ќе биде историски од друг аспект бидејќи рефлекторите конечно ќе го осветлат битолскиот стадион.
Двете екипи Пелистер и Вардар за жал се наожаат во долниот дел на прволигашката табеле, но нивниот дуел сепак предизвикува големо внимание. Влазниците за натпреварот се распрдадени, а под Тумбе кафе ќе бидат и голема група “Комити“, за кои се вели дека ќе бидат од 300 до 500 навивачи.
За овој натпревар фудбалерот на Пелистер, Благој Љамчевски, за претстојното големо дерби на мак-фудбалот вели дека се максимално мотивиран за одличен настап против „црвено-црните“ и очекува победа пред своите верни „Чкембари“.
-Со нетрпение го очекуваме дерби натпреварот против Вардар. Сите во тимот се фокусирани и мотивирани за добар настап во кој би сакале да ги освоиме трите бода. Верувам дека сите што ќе настапат ќе го дадат својот максимален придонес и заедно ќе израдуваме битолската јавност и нашите верни навивачи, вели Љамчевски.
Дека Пелистер мора да оствари позитивен резултат и да се обиде да го освои целиот плен пред полните трибини на битолскиот стадион, додаваа неговите соиграчи.
Пелистер и Вардар играат вечер во ноќниот термин од 19:00 часот, и се очекува вистински фудбалски спектакл.










