Новиот тренер на македонскиот ракометен шампион Пелистер, Раул Алонсо, денеска пристигна во Битола . Тој во друштво на претседателот Зоран Стерјев се запозна со ракометарите и вработените во клубот, потоа на трибините го гледаше натпреварот на својот нов клуб против Прилеп.
Раул Алонсо ќе започне со тренинзи викендов, претходните два дена ги следел преку видео врска тренизите на неговите идни ракометари.
Како рече Шундовски, по завршувањето на натпреварот против екипата на Прилеп, тој веќе го запознал со работата на клубот, и од утре официјално го презема клубот од Битола и ќе го одработи и првиит тренинг со “пелисерци“.
Алонсо ќе биде официјално претставен в понеделник, а своето деби на клупата на битолската гордост ќе го има в среда против Фредериција во Лигата на шампионите.











