Press "Enter" to skip to content

Прв пораз на домашен терен во Битола на Пелистер Волеј (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Газели Волеј 1:3

(25:22; 20:25; 19:25; 14:25)

Во дерби натпреварот кој се одигра во Битола, екипата на Пелистер Волеј е поразена од Газели, со резултат 1:3 во сетови, во преубав натпревар во убава атмосфера каква само можи да се посака. Натпреварот започна со добиен сет за девојките на Пелистер, а потоа се случи пресврт и Газели го добија натпреварот.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за дерби натпреварот рече:-Првиот сет беше доста убав и драматичен, сет во кој функционираше се беспрекорно добро па сосема заслужено го добија нашите одбојкарки со 25:22 сет во кој имавме и поголема резултатска предност. Вториот сет беше идентично возбудлив и неизвесен, но во самиот финиш се насетуваше дека до израз ќе дојде поголемата клупа на гостинките, па така во нашата екипа падна нивото на првиот прием, а во сервисот не бевме доволно прецизни и убедливи што дополнително ни отежна да добиеме уште еден сет или евентуално да атакуваме на победа.Публиката која редовно доаѓа на натпреварите уживаше во речиси двочасовната одбојкарска претстава, па и покрај поразот екипата на Пелистер Волеј ја награди огромен аплауз за возбудливиот дуел.

Фото: Дамијана Ристевска

[ngg src=”galleries” ids=”2197″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from СпортMore posts in Спорт »