Фудбалскиот клуб Конзули ветерани од Битола викендов играат на меѓународниот фудбалски турнир “Erima Tour“ во Хрватска во гратчето Рабац, а ќе се игра денес и утре, во рамките на 1/8 финалето.
На турнирот учествуваат 18 екипи и тоа од домаќинот Хрватска, Македонија, Словенија, Италија, Австрија,Србија и Босна и Херцеговина, се игра во групи по три екипи во секоја група, првите две одат во 1/8 финале.
-Се надевам на одлични резултати, бидејќи постојано тренираме, секако колку што ни дозволуваат обрските кон работата, семејството. Но, за нас најважно е дружењето надвор од теренот, новите пријателства, вели Горан Кулевски, кој е задолжен за организацијата на екипата и патувањата.
Директор на турнирот е Игор Ѓорѓевиќ од Словенија, а промотори на турнирот се Мауро Каморанези, Александар Митровиќ, Немања Матиќ и Перица Огненовиќ.
“Erima Tour“ ќе трае до пролет кога и ќе се игра финалето. Првиот турнир ќе се одигра на терените на етно селото “Станишиќ“ во Босна и Херцеговина. Наградни фонд за секој турнир е 1.000 евра, а вкупно за оваа сезона за награди се обезбедени 7.000 евра.
Екипата на Конзули ветерани доби понуда од организаторите да биде домаќин на еден од турнирите.











