Пелистер – Шкендија 0:1 (0:1)
Екипата на Пелистер го доживеа и првиот пораз на домашен терен во Битола од Пкендија, минимално со 0:1, во натпревар од 15. коло од Првата македонска фудбалска лига, кој се играше под рефлектори. Победничкиот гол за Пкендија го постигна Рамадани во 37. минута од натпреварот.
Натпреварот по студено време беше отворен рамноправно, со игра на средината на теренот, и без некои сериозни прилики за гол.
Голот кој го реши натпреварот го постигна Рамадани кој доби топка од левата напаѓачка страна, откако панично реагираше одбраната на Пелистер, а Рамадани прецизно биеше.
Пелистер имаше одлична прилика да израмни преку Михаил Талески кој се најде во зицер позиција, меѓутоа премногу размислуваше и Цаке го стигна и го спречи да постигне гол.
И второто полувреме започна во ист стил како првото, а повторно Талески се проби по десната страна и биеше во голманот на гостите.
И на спротивната страна бележиме шаси за гол на Крстевски и Рамадани. Во 76. минута кога тетовчани бараа најстрога казна откако Ристевски невнимателно играше со рака во шеснаесетникот, но судиите не го санкционираа.
Завршницата на натпреварот им припадна на битолчани кои прво преку Керим, а потоа и Ивановски се обидоа да дојдат до гол за реми.
По 15 одиграни кола Пелистер е на 7. место на табелата со 16 бодови, а со ист број на бодови се Гостивар, Силекс и Шкендија кои имаат по 30 бода.
[ngg src=”galleries” ids=”2211″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”22″ order_by=”pid”]










