Викендов се одржа јуниорско државно првенство во Амерички пул билјард, дисциплина “9-ка“. Турнирот се одржа во “Гран клуб“ во Скопје, а учествуваа 13 натпреварувачи. Билјард клубот Лонгони од Битола се претстави со тројца учесници, Илија Димовски, Никола Петрушев и Бојан Максимов.
Со оглед на квалитетот што го поседуваат уште поодамна се очекуваше дека во финалето ќе се сретнат Илија Димовски и Андреј Ѓурчиновски. Финалето беше приказна за себе. Се играше до 9 добиени “фрејма“ по правила “9-ка“ на “точка и суво разбивање“. Се почна со доминација на Ѓурчиновски кој што со перфектна игра без ниедна грешка стигна до 4:0. Првата грешка во петтиот “фрејм“ ја искористи Димовски кој што намали на 4:3. Но Ѓирчинов После стигнува до сигурно водство од високи 8:3.
После тоа следуваа триесетина минута во кои само еден играч постоеше на масата, а тоа беше Димовски. По “разбивање“ и “завршница фрејмови“ и сигурни завршници на 8:6 Ѓурчиновски побара тајм-аут, но и после тоа продолжи доминацијата на Димовски и “Хил Хил“ завршница 8:8. Следуваше бравурата на Димовски до конечната завршница остварувајќи го најголемиот пресврт на Македонските првенства и тоа против одличниот Ѓурчиновски и ја понесе титула првак на Македонија во “Амерички пул билјард“ за 2024 година.
Никола Петрушев и Бојан Максимов настапија првпат воопшто на некој турнир и со оглед на тоа може да се каже дека имаа солиден учинок и нивната игра е доста ветувачка.
Судија и делегат беа тандемот битолчани Горан Думевски и Горан Петровски.










