Веспрем -Еурофарм Пелистер 33:26 (20:11)
Тимот на Еурофарм Пелистер во рамките на 9. коло на групата “А“ на Лигата на шампионите загуби на гостувањето во Унгарија од шампионот Веспрем со 33:26, полувреме 20:11), во натпреварот, во натпревар во кој домаќините како изразити фаворити, имаа предност во текот на сите шеесет минути.
Натреварот започна со одличен старт на Унгарците кои во 6. минута имаа 5:0. Пелистер намали на 5:2 со убави акции на битолчани. Момците на Пасквал не дозволија изненадување и на половина полувреме имаа предност од +8 (20:11) .
Вториот дел се играше “гол за гол“ од двете страни, но Веспрем ја одржуваше предноста од 7-9 гола. Веспрем рутински извојува победа од 33-26.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер Кузмановски со шест и Радивојевиќ со пет гола, а голманот Митревски запиша 10 одбрани.
Во 10. коло Еурофарм Пелистер го игра веројатно клучниот натпревар во групата, против полска Висла во Битола, а победа ќе значи и поминување на групната фаза.










