За прв пат оваа година и после седумте мастерси не го добивме шампионот во “амерички пул билјард“ за мажи. Бидејќи се бодуваат шест најдобри резултати имавме егал ситуација бидејќи и Христо Василевски од Битола и Андреј Ѓурчиновски имаа по три први и три пати беа финалисти.
Потоа се пристапи кон играње мајсторка која беше закажана да се игра во клубот “Табана“ во Прилеп како неутрален терен но и поради тоа што клубот располага со нови маси кои ги задоволуваат сите потребни критериуми за одигрување на врвни натпревари вклучувајќи и Европски првенства што всушност е и пракса. Договорено беше да се играат на два добиени сета до 7 по правилото “Драј Брејк“. Се играше најпопуларната во светски рамки игра “9-ка“.
Мечот беше напнат, нервозен и во не баш допадлива игра, се започна со предност на Ѓурчиновски но тоа не го поколеба психички спремниот Василевски кој најпрво изедначи на 5:5 па рутински го заврши сетот и дојде само на чекор до титулата. Вториот сет почна со доминација на битолскиот играч па следеше израмнување и после водството од 6:3, Андреј одигра добри неколку фрејма и “хил-хил“ ситуација од 6:6. Лонгони побара тајм-аут и после одличното разбивање искусно со комбинација стигна до 7:6 и со 2:0 во сетови. Тоа беше доволно нов шампион во “Амерички пул билјард“.
Судија на маса беше Горан Думевски, позади деск топот беше Горан Петровски кој што во една ситуација преку “вар системот“ умешно и успешно му асистираше на колегата.
Со оваа титула СБК Лонгони има титула во јуниорска конкуренција, конкуренција на сениори и следува екипно првенство каде за прв пат може една екипа може да го освои “Светото тројство“ што ќе претставува прво вакво достигнување кое не може да се надмине туку само да се повтори што е повеќе од тешко.
На овој најважен настан за оваа година соиграчите на Христо се само организираа и во голем број беа присутни на мајсторката каде и бројно доминираа и сесрдно му помагаа на својот љубимец да ја одбрани титулата освоена ланската година.










