Press "Enter" to skip to content

Емотивна “Етно симфонија“ концерт на македонска музика на втората вечер на 16. издание на фестивалот Музика на светот во Битола (фотогалерија)

-“Земјо македонска“, “Кирјана, вино продава“, “Роден крају мој, рајска градина“, “Со маки сум се родила“, “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ и многу други лирски, елегични и патриотски песни со гласот на Сузана Спасовска, звуците на кларинетот на маестро Благојче Трајковски, силниот поетски глас на актерот Петар Горко на концерт „Етно симфонија“ во Битола на Камерниот оркестар од Битола, музички проект што ги спои македонската традиција и современиот израз.Синоќа во големата сала на Центарот за култура на 16. издание на Музика на свтот се докажа дека звуците на македонската музика будат посебни емоции, солзи и морници.Со посебен говор вечерта ја отвори Маја Андоновска Илијевски, директорката на Центарот за култура и рече:

-Постои само еден јазик кој секој знае го разбира, го чувствува и е универзален, а тоа е јазикот на музиката. Тој е нежен и допира до срцата на сите. Вечерва ќе го слушаме посебниот 7/8 такт на прекрасната македонска музика и ритам и звуци кои допираат длабоко во душата на сите нас. Наредните два дена продолжуваме со ритмови на Фестивалот музика на светот кој четири денови ја слави културната и музичката разновидност. Сакам да искажам благодарност до Камерниот оркестар со диригент Владимир Димовски кој воедно е и директорот на фестивалот. Тој вечерва ќе настапи со концерт „Етно симфонија“ концерт на Камерниот оркестар на Битола – извонреден музички проект што ги спои македонската традиција и современиот израз.Етно симфонија концерт кој ја воодушеви публиката која беше присутна. А таа спонатано ги награди со силни аплаузи и воодушевени извици “браво“ сите кои се претставија на концертот Етно симфонија.Звуците од македонската народна ризнииа елегични, лирски и една прекрасна етно симфонија со прекрасниот глас на Сузана Спасовска солист на концертот, која докажа дека не случајно гордо го носи епитет „македонски славеј“ во народната македонска песна.Виртуозот Благојче Трајковски кој својата љубовта кон музиката, посебно македонската  традиционална и кларинетот ја пренесува со сета своја позитивна енергија и емоции при што дава  се од себе, а кларинетот како инструмент блеснува  со сиот свој сјај.-Секој настап во Битола го доживувам како да ми е прв, со голема одговорност бидејќи битолската публика има префинет  вкус која препознава квалитет. Во Битола секогаш имам посебни емоции, заради тоа што сигурно носталгијата си го прави своето, бидејќи живеам во Скопје, рече Трајковски.

Преку стихови и рециитација на актерот Петар Горко кој со поетски рецитали внесе посебен драматичен шмек и приказна во вечерта.-Обожувајќи ја музиката како една од најголемите уметности пробав да ја доближам нашата македонска песна со стиховите полни со емоција на тага… вели Петар Горко за својот поетско музички перформанс“.На овој концерт заедно со гласот на Сузана Спасовска предизвикаа солзи и кај него и кај публиката до која допре.Тоа беше вечер на која се славеше извонредната македонска музика и песна.Магична втора вечер од Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот продолжува, потсетувајќи нè на универзалната сила на музиката како јазик што ги обединува сите.Денес на сцената на Големата сала на Центарот за култура ќе настапи Маноло Гименез, препознатливиот глас на „Gipsy Kings“, ќе приреди незаборавен концерт со хитови како „Bamboleo“, „Volare“, „Jobi Joba“ и други.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

[ngg src=”galleries” ids=”2219″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from КултураMore posts in Култура »