Работнички – Пелистер 84:70
Кошаркарите на Пелистер од Битола, во Скопје, во 8. коло го претрпеа третиот овосезонски пораз против Работнички со резултат 84:70.
Натпреварот започна со конфузна игра и на двете страни. “Зелено-белите“ одржуваа минимално водство се до тројката на Антоан на две и пол минути до крајот, но потоа следеше огромен пад, Пелистер до крајот на четвртината не успеа да постигне ниту еден поен, а Работнички заврши со 20:15. Во втората четвртина домашниот тим стигна до уште поубедлива предност и на одмор се замина со 43:34.
На стартот од третата четвртина Работнички дојде до +12. “Зелено-белите“ намалија на 50:46, а потоа се доближија на еден поен разлика (52:51). Потоа Пелистер не реализираше напад за водство, по што следеше нова серија на домашниот тим, и Пелистер влезе во последните десет минути со негатива од 62:55. Во последниот квартал “пелистерци“ не се предадоа и намалија на 69:64 и на 71:67, но на крајот се поразено со 84:70.
Бобан Стајиќ беше најефикасен со 20 поени и шест асистенции, но имаше и осум загубени топки. Мишковиќ беше втор стрелец на Пелистер во вечерашниот пораз со 16 поени и 11 скокови, а двоцифрен беше уште и Андрија Бојиќ, кој го заврши мечот со 11 поени и осум скокови.










