Пелистер Волеј – Вардар жени 2019 3:0
(25:17; 25:08; 25:16)
Одбојкарките на Пелоистер Волеј во Битола во спортската сала на Медицинското училиште лесно и убедливо го совладаа петто пласираниот Вардар и освоија нови 3 бода во битката за втората позиција.
Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по завршувањето на натпреварот рече:
-Пелистер доминираше од самиот почеток па до крај и не дозволи никакво изненадување во Битола што е потврда на одличната форма на екипата во континуитет. Немаме многу време за одмор, веќе во сабота следи повторно дерби дуел во рамките на десеттото претпоследно коло од есенскиот дел.
[ngg src=”galleries” ids=”2229″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”30″ order_by=”filename”]










