Еурофарм Пелистер – Бисимов 45:31 (21:19)
Вечерва во Битола ракометарите на Еурофарм Пелистер ја победија екипата на Бисимов од Велес со 45:31, полувреме 21:19, а тренерот Раул Гонзалез на терен “извади“ комбиниран состав во кој имаше повеќе млади ракометари.
Натпреварот беше отворен со изненадување, осносно со водство на велешани од 1:4, а потоа Пелистер до половина од полувремето направија реми, а и поведоа. “Пелистерци“ не направија голема разлика и на полувреме се замина со +2 (12:19).
Но, во вториот дел се со дојде на свое место, разликата од минута во минута се зголемуваше, а имаше и серија голови за победа. Предноста беше двоцифрена, а на крај беше изразена со +14 (45:31).
Најефикасни рекометари кај Еурофарм Пелистер беа крилата Цветан Кузманоски и Ненад Костески кои постигнаа по шест гола.
[ngg src=”galleries” ids=”2231″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]










