Press "Enter" to skip to content

Победа на одбојкарките на Пелистер Волеј за осигурување на второто место

Бами Кор – Пелистер Волеј 0:3

(14:25; 16:25; 13:25)

Денед девојките од Пелистер Волеј од Битола на гостувањето во Тетово ја победија домашната екипа и со новите бодови го обезбедија второто место на табелата од Втората лига кое води до Првата лига идната сезона.

Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по денешната значајна гостинска победа рече:

-Немам пто да кажам и додадам, девојките се кажаа на теренот, каде буквално експлодира од желбата да го осигура второто место и во тоа успеаја. “Пелистерки“ убедливо ја надигра екипата на третопласираниот Бами Кор од Тетово. Иако Пелистер беше десеткуван во ростерот, затоа што подолго време екипата игра без Проковиќ, без повредените Андоновска и Ристевска, а дополнително голема главоболка создаде и повредата на највозрасната Белокозовска која се повреди на последниот дуел со Вардар во средата, победата беше само прашање на време. Капитенот Стефанија Најдановска со 17 поени ги предводеше “капитенски“ сите оние кои останаа да се борат за толку посакуваната победа која беше неопходна, а можеби и клучна во оваа фаза, а за самиот натпревар додаде:

-Сите насоки кои им ги дадовме со Темелковски беа испочитувани и Пелистер Волеј победи доминантно, без да му дозволи на екипата од Тетово воопшто да се закани денес. Кога ќе се изигра она што е договорено, на начин како денес кога се дава се од себе за таа победа, толку педантно и умно, заклучокот е дека домашната задача со целата екипа во есенскиот дел е одлично сработена и повеќе нема простор за сомнеж во било која од оние кои го носат дресот на Пелистер и кои вака лавовски се борат за својата Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »