Денес, недела, 8 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хирометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 9 степени.
Утре, понеделник, 9 декември, во Битола времето ќе биде променливо облачно, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 10 степени.






