Денес, понеделник, 23 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, претпладне од западен, а попладне од северен правец (над70 km/h). Температурата во Битола до 18 степени.
Утре, вторник, 24 ноември, во Битола, времето ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 7 степени.






