Press "Enter" to skip to content

“BAD SYMPHONY“ vs “DISCOPOLIS“ – уште едно неверојатно музичко патување со Камерниот оркестар :IW Connect во Битола (фотогалерија)

Во големата сала на Центар за култура во Битола вечерва Камерниот оркестар :IW Connect настапи со нов концепт и направи еден уникатен музички спектакл. Тој одржа два концептуално различни, но подеднакво возбудливи концерти во една незаборавна вечер.Вечер исполнета со музика, страст и енергија што долго ќе се памети со наслов  BAD SYMPHONY vs DISCOPOLIS – едно неверојатно музичко патување!Инаку досега публиката  Камерниот оркестар :IW Connect го препознава по незаборавни концерти со различни музички жанрови, насловени  како : Rock Symphony, Pop Symphony, Electro Symphony, магичната Stars Symphony и спектакуларниот MTV The Greatest Hits. На оваа декемвриска магичната вечер Камерниот оркестар :IW Connect настапи со  нов музички спектакл насловен како BAD SYMPHONY vs  DISCOPOLIS.

На концертот  Bad Symphony настапија извонредната Јасна Димитровска, вокалот на Backdoor Band – Жарко Јакимовски и битбоксерот Огнен Димовски со прекрасни изцедби и не потсетија на неповторливите хитови од групите  Prodigy, Rammstein, Depeche Mode и многу други, кои рушат рекорди до ден денес. Во вториот дел  Discopolis пупликата се врати во време на старите хитови со Sarah Mace & the Girlzz, и прекрасните гласови на Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска и Теа Богатинова кои пееја и играа во ритамот на големите хитови „Girls just want to have fun’, „Can’t stop the feeling“, „Toxic“…Ова беше  незаборавна вечер на контрасти, но со хармонија.На ова музичко патување  низ два света и две музички енергии, публиката доживеа две искуства што се надополнуваат.

Со тоа  и докажуваат дека во музиката не постојат граници,  а тоа е универзалниот јазик на светот кој спојува.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »