Press "Enter" to skip to content

Горната Гимназија на Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt” во “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)

Вечерва на платото пред “Офицерски дом“ во Битола се одржа Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt“ во организација на наставници и ученици од основните и средните училишта од Битола, а настанот е во рамките на “Зимската приказна“ која е во организација на Општина Битола.На Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt“ зедоа учество талентирани и креативни ученици од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола.На отворањето на Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt“ зборуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој рече:-Почитувани битолчани и гости од сите градови од Македонија, еве во рамките на нашата “Зимска приказна“ вечева го имаме прекрасниот настан Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt“ на кој се промовира германската култура, на она што значи изучување на германскиот јазик, а сето тоа како рекоа и пред мене, да ја донесеме Европа во Битола, иако ние се чуствуваме како дел од Европа. Сакам да упатам голема благодарнот до организаторите, професорите, учениците кој го подготвија овој прекрасен настан, а ние дел од тоа и ќе дегустираме.Професорката по германски јазик од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, Нина Несторовска – Илиќ рече:-Чест и задоволство е да се обратам како заменик претседател на здружението на професори по гемрански јазик на Република Македонија, и да изразам голема чест и благодарност кон сите кои го помогнаа овој Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt“, да биде толку магичен вечерва. Пред две седмици бевме присутни со учениците на панаѓури во Германија, во неколку градови в0 рамки на размената на ученици. Таму видовме како се организира еден магичен настан, а тука помогнавме да биде така, во што мислам дека успеавме. Голема благодарност до професорите, наставниците и учениците од Битола за овој настан. Билјана Илиевска, Ирена Петровска и Нина Несторовска – Илиќ се професорите кои од Гимназијата им беа ментори на средношколците кои беа дел од настан.Јана Мојсоска, ученичка од 4 година, уметнички смер, беше дел од учениците кои беа вклучени во подготовката, а само кратко ни рече:-Правев новогодишни изработки заедно со професорката Билјана Илиевска по германски јазик. Изработките се продаваа на штандот од Гимназијата со цел донации за хуманитарни цели “ Од децата за децата”.Помагатели на овој настан, Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt“, беа германските компании кои имаат фабрики во Битола “Кромберг и Шуберт“ и “Симпател“.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »