Од денес 1 јанари 2025 година “Зимската приказна“ е само на платото пред Офицерски дом, а нема настапи на други локации низ Битола.
На платото пред Офицерски дом во Битола на 13. ден од “приказната“ концерт изведоа членовите на групата “КОД 369“ од Битола со вокалниот солист Ирена Димовска – Митровска, кои изведоа нивни и преработени песни.
Вечерва прв ја започна ди-џејот Златко Самарџиев – Кекел, кој како и најавивме “пушташе“ песни кои им ги предложи на битолчани, а тие самите ја направија неговата плеј-листа.
После него настапи ди-џејот B-Boy.
Последни наспапија членовите на “Eruption Band“.
За утре, четврток, 3 јануари 2025 година како главен настан е концертот на групата “Боеми“ од Битола, претходно е “DJ SET“ – Dj Acika и групата “Emotion Band“.
Фото: Дамијана Ристевска










