Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј ги започна подготовките за сезоната во која “брка“ Прва лига

Пелистер Волеј од Битола ги започна подготовките за продолжението на сезоната односно за пролетниот дел, а подготовките ги одржуваат во Битола. Девојките забрзано се подготвуваат во теретана и во сала, затоа што продолжението е закажано за 1 февруари. Екипата конечно се комплетира прв пат по подолго време, па од клубот најавуваат уште посилен Пелистер од оној во есенскиот дел, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.Во првото пролетно коло Пелистер ја пречекува екипата на Универзитет Тетово, а очекувањата се идентични како и во првиот дел кога битолчанки на гостински терен експресно ја добија тетовската екипа со 3:0.Пелистер има позитивен скор од 9:1 па амбициите се повеќе од јасни и за сега се оди во прилог на очекувањата, а тоа е враќањето во Првата Државна Лига.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »