Пелистер Волеј од Битола ги започна подготовките за продолжението на сезоната односно за пролетниот дел, а подготовките ги одржуваат во Битола.
–Девојките забрзано се подготвуваат во теретана и во сала, затоа што продолжението е закажано за 1 февруари. Екипата конечно се комплетира прв пат по подолго време, па од клубот најавуваат уште посилен Пелистер од оној во есенскиот дел, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.
Во првото пролетно коло Пелистер ја пречекува екипата на Универзитет Тетово, а очекувањата се идентични како и во првиот дел кога битолчанки на гостински терен експресно ја добија тетовската екипа со 3:0.
Пелистер има позитивен скор од 9:1 па амбициите се повеќе од јасни и за сега се оди во прилог на очекувањата, а тоа е враќањето во Првата Државна Лига.

Пелистер Волеј ги започна подготовките за сезоната во која “брка“ Прва лига
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно, температурата до 13 степени
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Традиционална битолска вечер во Скопје, отворена со “Чија си“ на Славе Димитров (фото+видео)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер лесно до победа над Тиквеш во Битола
- Елена Костадиновска и Никола Бубевски од Битола се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје







