На 51 годишна возраст ненадејно почина поранешниот ракометар и тренер Александар Јовиќ, а со неговата смрт македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина.
Јовиќ по раскинувањето на договорот со Еурофарм Пелистер од Битола откако стана шампион, последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург.
Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.
Јовиќ беше и поранешен македонски репрезентативец како дел од генерацијата која го вивна македонскиот ракомет на европската и светската сцена.








