Токму тоа го сведочевме за време на girls-led youth community action Волнено бомбардирање за подигнување на свеста како дел од проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите девојчиња и жени“. Во изминатите месеци СФЕРА Интернешнал ја реализираше оваа иницијатива заедно со 13 неверојатни млади девојки со кои ја комбиниравме уметноста и акцијата, и какво патување беше тоа!
Се започна со една идеја… Сакаа да создадат нешто повеќе, сакавме да започнат разговори за значајни теми но на еден поинаков начин, односно на креативен, визуелен и уметнички. Темите кои ги опфатија се: грижа за животната средина, поддршка за менталното здравје, изградба на поинклузивно општество организираа 10 работилници каде учесничките учеа како да создаваат волнени инсталации.
Во текот на овие работилници, овие млади девојки научија како да прават волнени плетки и така чекор по чекор, шарените дизајни оживуваа. Заедно избравме јавни простори, осмисливме значајни пораки и започнавме со трансформацијата на Битола.
На крајот, го донесовме сето тоа на улиците, претворајќи ги јавните простори во
живописна и значајна уметност. Секоја инсталација раскажуваше приказна, правејќи ги
луѓето да застанат, размислат и разговараат. 13 жени се оспособија да водат свои креативни проекти и да ја подигнуваат свеста во нивната заедница. Истите се стекна со разновидни вештини и направија 10 инсталации кои не само што поттикнаа разговори за клучни општествени прашања, туку и го разубавуваат јавниот простор.
Овие жени стекнаа самодоверба, лидерски вештини и подлабока врска со нивната заедница. Волната беше само алатка – она што навистина го создадовме беше посилна и поинклузивна мрежа на промотори на промени.

“Волнено бомбардирање“ го разубави јавниор простор во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Божиен и предновогодишен концерт на Хрватскиот културен центар во Битола, гости од Вуковар (фотогалерија)
- „Нема, нема“ – нова песна на БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ, воедно и емотивна најава за големиот саботен КОНЦЕРТ
- Реконструктивни зафати и уредување на училници во ОУ “Елпида Караманди“ во Битола за подобри услови на сите
- ЈП “Паркинзи“ Битола: повторно синџир на “Рузвелтова“
- Во Битола тркалезна маса за меѓууниверзитетска соработка на универзитети – членки на УНИАДРИОН





