-Битола од секогаш го одбележувала верскиот празник Водици, а секако најголем интерес кај битолчани привлекува податокот кој ќе го “фати“ крстот во соборниот храм “Св. Димитрија“ во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
–Александар Пинзовски на возраст од 23 години го фати осветениот крст во 2015 година во базенот на црквата “Св. Димитрија“ кој во осветената вода го положи митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско- новозеландски г. Петар, вели Миновски.
Александар Пинзовски прв пат скокаше по осветениот крст и прв пат го фати, и тогаш ќе каже дека дека чувството кога верник ќе го фати богојавленскиот крст не може да се опише со зборови. Посака многу здравје, среќа и духовен мир кај сите сограѓани и додаде:
–Убеден сум дека има некоја божја сила и благослов кој се чувствува на овој голем христијански празник “Богојавление” или Водици.
Како подарок од Владиката Петар доби библија со златен превез која до крајот на својот живот ќе го потсетува на овој настан, кога од осветените води го извади светиот крст, а од
тогашниот градоначалникот на Битола, Владимир Талески беше даруван со парична награда.
Со фрлањето на светиот крст во осветените води завршуваат некрстените денови, кои траат од раѓањето на Исус Христос на Божик, и со тоа завршуваат празниците посветени на раѓањето на Господ Бог.

Деновиве пред 10 години: Александар Пинзовски го “фати“ осветениот крст во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со реми се враќа од Гостивар, постигна три гола против Арсими
- Томас Спасе Трпчевски, 17 годишен фудбалер во Мелбурн, Австралија: од Мелбурн преку Битола и Белград до европски клуб (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
- Денес е Свети Климент, патрон на македонската православна црква
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола





