Членовите на доброволните противпожарни друштва “Архангел“ од Битола и “Маркови Кули“ од Прилеп, кои минатата година со својата несебична пожртвуваност и храброст учествуваа во гасењето на големиот пожар во областа Мариово, денес беа примени од градоначалникот на Прилеп.
На противпожарното друштво “Архангел“ од Битола му беше дадена плакета, а на членовите на друштвото кои учествуваа во гаснење на пожарот во Мариово, благодарници.
-На овие храбри момци им доделивме благодарници како знак на признание за нивниот огромен придонес и покажаната посветеност во моменти на криза. Во текот на оваа средба, со гордост потпишавме и меморандум за соработка, кој ќе ја зацврсти нашата заедничка мисија за заштита на животната средина и безбедноста на нашите граѓани. Од оваа средба произлезе иницијатива за доекипирање на овие здруженија и оваа соработка да се прошири на ниво на пелагонискиот регион!, истакнаа од Општина Прилеп.






