ЈП “Паркинзи“ Битола ги информира граѓаните дека во наредните денови нема да работи лизгалиштето на “Магнолија“, и за досегашниот број на “лизгања“. Во соопштенито на ЈП “Паркинзи“ се вели:
-Почитувани љубители на лизгањето!
Ви благодариме за посетеноста од над 11.000 лизгања досега. Во наредните неколку дена ќе направиме мала пауза со лизгалиштето за потребно техничко одржување на опремата согласно техничките упатства од производителот.
Временскиот период потребен за извршување на предвидените активности не може точно да го прецизираме заради специфичните временски услови (ниски температури и зголемена влажност на воздухот) кои владеат во Пелагониската котлина во моментов, но на нашата ФБ страна, ќе Ве информираме 24 часа пред продолжувањето со работа.
Во меѓувреме на располагање Ви стојат сите останати убавини со кои располагаат нашата Битла и Баба планина.
Се гледаме наскоро.






