Во салата на будо центарот во Битола се одржаа испити за полагање за нови повисоки појаси, а полагаа најмалите членови на џудо клубот Пелистер, односно се одржа полагање за ученички појаси.
Полагањето беше спроведено од страна на тричлена клубска комисија и претставник од Дан Комисијата на ЏФСМ, Дејан Мицкоски, а техничката организација беше на џудо клубот Пелистер од Битола.
Претседателот на џудо клубот Пелистер, Ѓуро Илиќ, џудо мајстор 7 дан, за ова полагање ни рече:
-Ова е полагање за појаси согласно календарот за полагање, кој го има одобрено џудо федерацијата. Комисијата беше во Битола, во џудо клубот Пелистер, каде за полагање се пријавија повеќе од четириесетина млади џудости. Морам да нагласам дека ова се најмалите членови на клубот, а полагаа за жолти најголем дел, а имаше и за портокалови појаси. Сите кандидати ги поминаа тестовите кои ги практично ги покажаа пред комисијата, а ние како комисија сме задолни пред се од покажаните вештини, но повеќе сме задоволни што секоја година имаме џудисти кои го продолжуваат џудото кај нас.
На ова полагање 44 кандидати од џудо клубот Пелистер од Битола се здобија со повисоки степени – појаси.

Младите членови на џудо клубот Пелистер полагаа за џудо-појаси (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Традиционална битолска вечер во Скопје, отворена со “Чија си“ на Славе Димитров (фото+видео)
- Денес е празник на големите господови лекари, Светите врачи Кузман и Дамјан
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер лесно до победа над Тиквеш во Битола
- Елена Костадиновска и Никола Бубевски од Битола се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје







