Ракометарите на двата клуба од Битола кои го носат името на Еурофарм Пелистер учествуваа во голема крводарителска акција, каде им се придружија членовите на стручниот штаб, но и дел од навивачката група “Чкембарите“ од Битола.
Членовите на клубот и дел од навивачите со овој хуман потег решија да дадат позитивен пример и да им помогнат на луѓето на кои тоа им е најпотребно, со што уште еднаш ја потврдија својата општествена свест и одговорност.
-Додека ракометарите на Еурофарм Пелистер се борат за победи на теренот и како дарители ја даваат најголемата победа – животот! Секоја капка крв значи нова шанса, нова надеж, нова приказна. Ви благодариме на сите кои дарувате и спасувате животи!, се заблагодарија од одделението за трансфузија од Битола.
Ова не е прва ваква акција во која учествуваат “пелистерци“, а со овој потег даваат одличен пример и за другите спортски колективи, како и за сите граѓани кои сакаат да помогнат со дарување крв, нешто што се смета за исклучително хуман и нужен чин.
-Секоја капка крв значи нова шанса, нова надеж, нова приказна. Дарувајте крв и спасете животи!, пратија апел за хуманос “пелистерци“.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер покажаа хуманост, даруваа крв за најголема победа (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Традиционална битолска вечер во Скопје, отворена со “Чија си“ на Славе Димитров (фото+видео)
- Денес е празник на големите господови лекари, Светите врачи Кузман и Дамјан
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер лесно до победа над Тиквеш во Битола
- Елена Костадиновска и Никола Бубевски од Битола се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје







