Press "Enter" to skip to content

Втора по ред победа на Пелистер Волеј, го победи Фламинго на гостување

Фламинго Волеј – Пелистер Волеј 1:3

(16:25; 12:25; 25:21; 19:25)

 
Вчера се одигра 13 коло, а екипата на Пелистер Волеј од Битола оствари победа од 3:1 во сетови на гостувањето во Скопје, во рамките на Втората одбојкарска лига.
Најефикасна на натпреварот и најзаслужна за победата беше коректорката Ивана Белокозовска која со 26 поени (3 од блок) буквално беше незапирлива од секоја позиција. Двоцифрени беа и срдните блокери Димитровска (10) и Лозановска (12) кои заедно направија 8 блока.

Екипата на Пелистер Волеј, продолжува со натпреаврите во Купот на Македонија, каде ќе игра во 1/8 финалето.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »