Press "Enter" to skip to content

Ракометарот Филип Кузмановскии спортист на Битола за 2024 година, Еурофарм Пелистер најдобра екипа (фотогалерија)

-Признание за животно дело за спорт за ракометниот тренер на РК Пелистер – Анте Костелиќ, ракометарот Абдула Јусифовски, борачот Златко Пецаковски и мајсторот за боречки вештини – Ѓуро Илиќ.

-За општествено одговорни компании признанија добија “КС Групација“ и “БВ Инженеринг“ од Битола, а посебни признанија за поединци, планинари, репрезентативки, спортски работници…

-Доделени младински награди, награди од училишниот спорт и за победниците на ноќната трка во Битола.Вечерва во салата на Народниот театар од Битола се одржа 61. по ред манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2024 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола.Во име на организатор на изборот, Сојузот на спортови се обрати претседателот Сашко Павловски, кој присутните ги поздрави им ги честита наградите на доботниците и се заблагодари на Општина Битола и градоначникот за поддршката која ми ја даваат на Сојузот на спортови и на спортот во Битола, а зборуваше и за големиот јубилеј на оваа манифестација која се одржа по 61. пат. Павловски нагласи дека големиот број на пријавени спортисти кои конкурираа за наградите говори за развојот на спортот во изминатата година, а комисиите на Сојузот на спортови и Управниот одбор немале лесна работа да го направат изборот на најдобрите, а Сојузот се потруди да награди и поединци, клубови и компании кои дале продинес во спортот и направиле добро резултати надвор од натпреварувачките шампионати.Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски ги поздрави ги поздрави присутните, кои рече дека се радува што изминатата година имале добри спортски резултати, а Општина Битола имала поголем број на настани и активности кои ги финансирала Општината се со цел да продолжи развојот на спортот во Битола. Посебно за тоа што во спортот се присутни и голем број на млади спортисти кои ќе добијат и награди, а вечерва ги има многу присутни и тука заедно со нас.Коњановски ја додели наградата за најдобар спортист на Битола за 2024 година, на најдобриот спортист на Битола, капитенот на РК Пелистер, Филип Кузмановски со кој освои домашна титула и настапува во Лигата на Шампиони, кој по доделувањето на статуетката за најдобар спортист рече:

-Посебно ме радува наградата кој ми ја доделува Сојузот на спортови на Битола, а она што го видов и слушнав од моите претходници во ракометот во Битола, само ми кажува, уште еднаш, колку тежи дресот кој го носам и колку е вреден тимот кој, како капитен го предводам. Сакам да бидам пример за сите млади спортисти и од тоа нема да се откажам, а се заблагодари на Сојузот на спортови во име на сите добитници.Второто место му припадна на боксерот Ален Рустемовски, а третото на Леа Бошевска – кикбокс. Следуваат: Лука Стојановски – кошарка, Христо Василевски – билијард, Ивана Трајчевски – куглање, Христијан Јовановски – пинг понг, Дарија Крстевска – атлетика, Ева Милевска – скијање, Андреј Јовчевски – фудбал, Јовче Даскаловски – велосипедизам и Стефани Најдовска – одбојка.За најдобра екипа за 2024 година е прогласен рекометнио клуб  Еурофарм Пелистер, шампион на Македонија и за настапите во Лигата на Шампиони, боксерскиот клуб Пелистерски јунак е второ пласиран и на трето место е кошаркарскиот клуб Пелистер.

Плакети за ветерани на спортот – за животно дело добија Анте Костелиќ, Ѓуро Илиќ, Абдула Јосифовски и Златко Пецаковски.За општествено одговорни компании посебни награди добија “КС Групација“ и “БВ инжинеринг“, двете од Битола.Настани кои ја обележаа 2024 година се отворањето на нова трибина на стадионот “Петар Милошевски“, параглајди на Пелистер, Балканско првенство во џудо и организацијата на Куп на Македонија во кошарка.Посебни признанија добија: Зоран Михајлов, Зоран Мишевски, Менде Младеновски, Милан Сотировски, Илче Димов, Тоде Ристевски, Слободан Димовски – Џоџа, Горан Дамовски, Ана Котевска, Никола Талевски, Христијан Штрковски, Анета Павловска, Студенсткиот спорстки сојуз на УКЛО, Пелистер ултра маратон, Марија Димовска, Мартина Коруновска, Стефанија Петковска, Елисавета Димовска, ФК Новаци, ФК Јени маале, ФК Конзули ветерани, Наталија Дишковска, Маргарита Талевска, Стефанија Алексовска, Христијан Цветковски, Игор Михајловски, Самоил Ристевски и ТК Степ.Награди од училишен спорт добија професорите Златко Трајчевски и Михајло Силјанов, а како екипни победници на ноќна трка “4-ти Ноември“ ОУ “Стив Наумов“ и гимназија “Јосип Броз Тито“. За најдобри младински екипи признанија добија: Еурофарм Пелистер, КК Петровски, КБК Енерџи, ТК Степ, ППК Пелагонија, Пелистер волеј Топ Гол и Атлетико.Сојузот на спортови ги награди и најдобри младинци во 2024 година: Бојана Калешковска, Јована Јаневска, Вероника Кочов, Елена Јончевска, Леона Адиловска, Емилија Илковска, Јаков Мицевски, Мила Петровска, Ева Бошевска, Евгениј Ристевски, Ангела Ристевска, Сара Стојановска, Теодора Христовска, Деа Крстевска, Евгенија Јовчевска, Дарко Китановски, Калина Митева, Натали Бејковска, Маја Крстевска, Димитар Симоновски, Марко Димовски, Иван Младенов, Давид Мурговски, Наум Марковски, Анастасија  Дамјановска, Анастија Тодоровска, Лиле Лозановска, Анастасија Ристевска, Мила Коњановска, Тамара Нешковска и Јана Бошковска. 

Фото: Д. Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »