Адвокатската заедница Битола, и годинава, како и секоја година традиционално, денес, со полагање на цвеќе на бистите пред Апелационит суд на Јосиф Христовски – Ѕвончаро и Коле Канински го одбележаа Денот на Македонската адвокатура, 16 јуни, а денес битолските адвокати прославија 80 години од основањето.
Оваа традицијата воспоставена од 1980 година со одбележување на 16 јуни – Денот на македонската адвокатура, ден кога во 1945 година, Министерскиот совет на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на тогашниот министер за правосудството д-р Павел Шатев ја формира Скопската адвокатска комора со надлежност за територијата на федерална Македонија. Тоа се симболично поклонувајќи се пред бистите на адвокатските приправници и учесници во НОБ, Никола Тодоровски – Коле Канински (1914-1944) и Јосиф Христовски – Ѕвончаро (1914-1942), лоцирани пред зградата на Апелациониот суд Битола.
Од вкупно 38 адвокати запишани во Именикот на адвокатите за 1945 и 1946 година, во Битола адвокатски канцеларии отвориле вкупно 10.
-Оваа година одбележуваме 80 години адвокатура во самостојна Македонија. Во изминатите осум децении адвокатурата се изгради како професија и јавна служба која е браник во заштита на човековите права и правните интереси на физичките и правните лица. Остануваме доследни на принципите и вредносите наследени од нашите претходници. Денес поклонувајќи се на бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски ние се поклонуваме кон сите основоположници на модерната македонска адвокатура и сите наши претходници, од кои голем дел покажале исклучителна храброст, совесност и професионалност препознатлива на широкиот простор на Југославија, изјави Никола Главинче, заменик претседател на адвокатката заедница од Битола.
Коле Канински (1914-1944) по дипломирањето на Правниот факултет во Белград бил адвокатски приправник кај адвокат Воислав Протиќ, а потоа и кај адвокат Александар Костиќ, а Јосиф Христовски – Ѕвончаро (1914-1942) бил студент на Правниот факултет во Белград и учесник во НОБ.
Бистите на првоборците и адвокатски приправници, донирани од Адвокатската комора на градот Битола во 1981 година и тоа Јосиф Христовски – Ѕвончаро и Коле Канински пред Апелациониот суд Битола. Оваа активност традиционално полгање на цвеќе на бистите битолските адвокати ја практикуваат од 1981 година без прекин.
Сашо Ристевски






