Денес во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет од Свети Николе, во Битола беа потшишани договори за поволности за студирање на нови студенти, кои се членови на против пожарни друштва, здруженија и центри за едукација и обука на пожарникари.
Договори беа потпишани со Здружението на професионални пожарникари на Македонија, Доброволното противпожарно друштво “Архангел“ од Битола и со Центарот за обука и едукација за заштита од пожари “Пегас ЕДУ“ од Битола.
Во име на Меѓународен славјански Универзитет од Свети Николе, договорите ги потпиша претседателот на Управниот одбор, д-р Јован Ѓорчев.
По свечената церемонија на потпишување на договорите д-р Јован Ѓорчев рече:
-Денеска потпишавме договори за соработка со здружението за професионални пожарникари и со “Архангел“ и “Пегас ЕДУ“ од Битола. Договорите се рамковни и дополнително со секој ќе ги уредуваме условите. Во главно, основните одредби кои ги содржат договорите се повластени услови за студирање кај нас на нивните членови. Со договорот се опфаќа и користењето на заедничка опрема и максимално искористување на капацитетите кои имаат тие како организации и ги имаме и ние како Универзитет. Основна цел е да постигнеме професионална обука на нашите студенти и на граѓаните и да бидат што подобро оспособени за интервенции при гаснење на пожари.
Со идната соработка се дава акцент, можеби на најважното, а тоа е превецијата од пожари за што д-р Ѓорчев додава:
-Секако важно е тие да бидат и теоретичари и подготвени за изработка на елаборати и изработка на програми за превенција од пожари, односно сите предвидливи опасности да бидат избегнати во иднина. Се обидуваме да постигнема поголем стандард во противпожарната заштита на територијата на Република Македонија.
С.Ристевски






