По огромниот успех на претходните изданија, на 13 септември во Центарот за култура – Битола со почеток во 20:00 часот, Битола ќе биде домаќин на третото издание на еден од најпопуларните музички проекти кај нас – MTV The Greatest Hits.
Овој уникатен проект ја враќа магијата на златната ера на 80-тите и 90-тите, со нови аранжмани и свежа енергија што секој пат ја освојува публиката. По цела Македонија, па дури и во соседна Србија, интересот за концертите е огромен, а Битола со гордост ќе ја има честа повторно да биде центар на музичката еуфорија.
Во ова трето издание, подготвена е целосно нова програма со песни што одбележаа една епоха, изведени на еден поинаков и незаборавен начин. Песните ќе бидат во изведба на Битолски Камерен Оркестар IWConnect и Наде Талевска, Полина Тасева, Огнен Димовски, Јана Бурческа, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Александра Трајческа и Алексеј Ивановски.
13 септември | Центар за култура Битола | 20:00 часот
Не пропуштајте вечер исполнета со хитови што сите ги знаеме и сакаме. Билетите се веќе пуштени во продажба на https://yournextevent.info/events/mtv-bitola и во Тобако Димпо, Битола.











