Домаќините од Битола и нивните гости и на затворањето на јубилејното 46. издание на интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ поминаа по црвениот тепих пред влегување во големата сала на Центарот за култура во Битола, каде беа доделени наградите за најдобрите кинематографери.По црвениот тепих поминаа меѓународното жири на фестивалот кои одлучуваа за наградите – Денис Ленуар, Астрид Хојбрантнер, Валерио Карузо, Асја Крсмановиќ и Митко Панов, директорот на фестивалот Димитрија Доксевски со семејството, министерот за култура Зоран Љутков со ќерките, Воли Фистер добитник на Специјалната награда Златна камера 300 со сопругата, Кирил Џајковски – добитник на највисокото признание во областа на филмската уметност во нашата земја – Голема ѕвезда…
Поминаа и Давид Шамбиј добитник на Златна камера 300, Олимпија Митилинају добитник на Сребрена камера 300 и Лука Коасин добитника на Железна камера 300…Се појавија и поминаа и актерите од филмот македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Ѓорѓи Унковски и кинематограферот Наум Доксевски.
Помина по црвениот тепих градоначалникот на Битола – Тони Коњановски со дел од советниците, ректорот на УКЛО Битола проф. д-р Игор Неделковски, љубители на филмот од Битола, бизнисмени, спонзори на фестивалот, спортисти…
Низ мега фотогалерија ви прикажуваме дел од битолчани и нивните гости кои беа на свеченото затворање на “Браќа Манаки“.
Фото: Дамијана Ристевска