-Покрај поединечните победници со категорија на основни училишта победник е ОУ “Стин Наумов“ од Битола, а кај средните Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола.
Синоќа, во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, по 67. пат на Широк Сокак во Битола во организација на Сојузот на спортови на Битола и Општина Битола се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, на која учествува околу 700 учесници.
Како и изминатите години и годинава битолчани ја видоа и учествуваа на трка на ниво на високопрофесионални натпревари од ваков вид, а таа е дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола. Стартот беше на Широк Сокак, а според возраста од повеќе места.
Годинава по убаво време на Широк Сокак трчаа основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани, во 24 категории, во машка и женска конкуренција, а сето тоа претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
На најстариот спортски настан во градот и во земјата, зедоа учество и други граѓани, а настапија во категории до 40 и над 40 години.
Победниците на трката ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој подвече дека оваа година трката се одржува во еден убав месец со богата спортска програма, ќе има дерби натпревари во фудбал и меѓународна кошарка.
-Горд сум што воочи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси, рече Коњановски додаде дека ваквите натпревари ќе бидат поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а посебно што се натпреваруваат голем број на ученици и граѓани кои со тоа даваат дополнителен придонес за празнувањето на Денес на ослободувањето на градот и го збогатуваат, заедно со другите манифестации.
Претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски пред стартот на трката рече дека ова е 67. трка по ред. Оваа најстара спортска манифестација која трае најдолго во Битола, веќе 67 година, а и ќе трае, а ако помножиме по колку битолчани учествувале секоја година ќе дојдеме до импозантни бројки, а организарањето на ова трка ќе помогне за развој на спортот кај младите.
На традиционалната ноќна атлетска трка, која се одржува во организација на Сојузот на спортови од Битола, во соработка со Сојузот на училишен спорт, а со поддршка од општина Битола, за најдобрите беа доделени златен, сребрен и бронзен медал, за освоено прво, второ и трето место.
Ноќната трка беше збогатена и со подароците за натпреварувачите кои беа доделени од “Бимилк“, ресторан “Бевледере“, германнска компанија во Битола – “Бреиндчилд“ и “Цермат“.
Фото: Дамијана Ристевска










