Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер од МЗТ во Битола, во дерби со многу тензија и чуден судиски критериум (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ 72:67

-Во меч со многу тензија и чуден судиски критериум „пелистерци“ по голема борба беа поразени од актуелниот шампион, а како резултат на таквото судење Пелистер поднесе официјална жалба до федерацијата поради начинот на кои арбитрите ја делеа кошаркарската правда.Кошаркарите на Пелистер не успеаја да ја продолжат победничката серија во Супер-лигата откако во шестото коло загубија во дербито со МЗТ Скопје со резултат 67:72. Во меч со многу тензија во кој судиите во финишот исклучија двајца членови Пелистер, тренерот Даскаловски и кошркарот Никола Малешевиќ , МЗТ Скопје знаеше како да го искористи тоа и да стигне до победата.Цврстата одбрана и грешките во нападот го одбележаа првото полувреме во кое МЗТ отвори подобро, но Пелистер беше подобар тим во втората четвртина и битолчани заминаа на одмор со предност од 32:29.Второто полувреме донесе зголемена тензија на теренот, ниту еден од тимовите не се одлепи резултатски, а откако Пелистер не искористи неколку напади за водство, гостите од Скопје реализираа во својот последен напад и во последните 10 минути влегоа со предност од 49:51.Пресудни се покажаа првите четири минути од последната четвртина во кои Пелистер не постигна ниту еден поен, а МЗТ со тројката на Војдан Стојановски дојде до „плус десет“.Пелистер не се предаде, со тројките на Малешевиќ и на Стајиќ дојде на „минус пет“, но сите клучни судиски одлуки во завршницата беа во корист на гостите (вклучувајќи ги и исклучувачките грешки кои донесоа дополнителни слободни фрлања за играчите на МЗТ), кои на крајот триумфираа со конечните 67:72.Стајиќ со 17 поени беше прв стрелец на Пелистер на овој дуел, Малешевиќ имаше 16 поени и 7 скокови, а двоцифрен беше и Брејси Дејвис кој го заврши мечот со 10 поени.Натпреварот имаше хуманитарен каректер.

Сашо Ристевски