Press "Enter" to skip to content

Нова ера на УКЛО Битола за идентификација и развој на надареноста со професор Кеверески

Продолжува континуираниот развоен циклус посветен на поддршката и унапредувањето на талентите во рамките на УКЛО. Во таа насока, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошкиот факултет – Битола организираат прва јавна презентација на HODIMOD-EL моделот – Холистички диференцијален модел на надареноста, научно – апликативен пристап за идентификација и развој на надареноста, изработен од експертот, професорот од Педагошкиот факултет – Битола, Љупчо Кеверески.

Овој модел претставува значаен чекор кон практична примена на современи методи за работа со надарени и талентирани ученици и отвора можности за негово вклучување на повеќе институционални нивоа, како во државата, така и во поширокиот регион.

Моделот ќе биде дел и од новата УКЛО патека „Од основно училиште кон академска извонредност“, развиена во рамките на програмата УКЛО КОЛОРС џуниорс. Сите заинтересирани граѓани, како и стручни служби, педагози и психолози од училиштата, се поканети да присуствуваат на презентација што ќе се одржи на 26.11.2025 г. во Амфитеатарот на Педагошкиот факултет – Битола од 11.30 ч.

Презентацијата претставува почетен чекор во понатамошната имплементација со идните УКЛО КОЛОРС генерации.

More from ВестиMore posts in Вести »