На 2 декември 2025 во часот, вторник во Народен Театар Битола – Нова сцена, службен влез на театарот.
Влезот е слободен.
Резервација на седишта: 078430469 / 070373996
Претставата “8%?“ е работена според истражување и интервјуирање на лица од различни градови во државата кои биле изложени на дискриминација, семејно насилство и системски неправди. После неколку месеци истражувачка фаза во текот на 2023 година креативниот тим во соработка со интервјуираните лица во претставата раскажуваат различни непријатни вистини кои се сензитивни за македонскиот народ како и за системот. Вистини кои лицата се плашат да ги кажат на глас. Вистини кои друштвото не ги препознава или најстрашно – ги одбегнува.
Во претставата, освен актерите – исто така се појавуваат и вистински личности кои публиката има прилика да ги види и да ги слушне нивните фатални проблеми кои зависат од системот, од НАС.
Заклучокот од истражувањето и пораката на АТО Центар заедно со театарскиот тим до јавноста е дека: “Системот сме ние, и ние го градиме системот! ОДГОВОРНИ СМЕ СИТЕ!”
Автор и Режија – Јован Ристовски
Ко – Автор – Весна Куслеска
Костимограф – Марта Дојчиновска
Драматург – Билјана Крајчевска
Актери:
Марија Стефановска – Менаџерка Марија Стефановска
Наталија Ристевска – Асистентка
Соња Михајлова – Црната / Режисер
Никола Пројчевски – Канцелариски Координатор
Петар Горко – Шеф
Учесници:
Ивана Атанасоска
Весна Софронијевска
Биљана Тодоровска Биљана Тодоровска
Шминка: Стефанија Илиевски
Светло: Никола Горгиевски
Сценска техника: Горан Јованов
Координатор: Александра Десковска
Театарската претстава е поддржана од GIZ North Macedonia






