Со полагање на цвеќе на споменикот на Св. Климент, патронот на Универзитетот “Св. Климент Охидски“ – Битола започнаа денешените празнувања по повод патрониот празник на битолскиот универзитет.
На споменикот на Св. Климент, во дворот на Универзитетот се поклонија и положија свежо цвеќе ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски со ректорската управа, делегација на студентите и синдикатот на УКЛО.
Свежо цвеќе положи и делегација на Софискиот универзитет, кој исто така го носи името на Св. Климент Охридски.
Празнувањето продолжува со свечена седница на Сенатот и Ректорската управа и ќе се доделат признанија за најдобро дипломирани студенти, најдобрите научници, ректорски повелби и благодарници, како и награди за најиновативни идеи во рамките на проектот NanoBioTech Nexus, дел од Европскиот институт за иновации и технологии, во Офецерски дом.
Сашо Ристевски






