Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа во Битола за крај на календарската година (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 29:21 (12:10)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола го победија тимот на Тиквеш со резултат 29:21, полувреме 12:10 во рамките на 18. коло на Суперлигата и ја “затворија“ оваа календарска година.Еурофарм Пелистер добро го отвори натпреварот со 2:0, по што Тиквеш израмни, и се одржуваше реми до 5:5. Потоа Тиквеш стигна до водство од 5:7, а потоа и со 6:9. Пелистер на крајот на првото полувреме направи серија од 3:0, а полувремето заврши со 12:10. “Пелистерци“ во второто полувреме заиграа посериозно и го зголемуваа водството, уште во првите десет минути. Тиквеш потоа се помири со поразот, а во 49. минута Еурофарм Пелистер првпат дојде до +10 (25:15).До крајот битолчани лесно и рутински го задржаа водството и славеа убедливо.Најфикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Рудолф Хакбарт кој постигна седум гола од седум шутеви.

Фото: С. Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »