РЦУК – Битола информира дека во комуникација со директорот на НП “Пелистер“, во 15:30 часот е добиена информација во врска со изгубениот планинар.
Планинарот успеал самостојно да се спушти и да стигне до селото Нижеполе. Иако го загубил мобилниот телефон и се движел во лоши временски услови со густа магла, тој безбедно пристигнал во селото и се засолнил во една куќа, од каде телефонски известил дека е жив, здрав и во стабилна состојба.
Екипите од селото Нижеполе го презедоа и безбедно го транспортираа до Битола.






