Press "Enter" to skip to content

Фото вест: КК Пелистер ги израдува дечињата од Домот за доенчиња и мали деца во Битола

Филип Ивановски во име на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола го посети Домот за доенчиња и мали деца во Битола, а поводот беше донација, новогодишни пачетчиња за сите дечиња, кои се сместени во мали, згрижувачки семејства во Битола.

Ивановски истакна дека ова е мала донација, но се надева дека ќе ги израдува малите штитеници на домот за време на следните Божикни празници, а донацијата е во име на сите кошаркари и на сите кои се дел од клубот.

Од домот за доенчиња и мали децаво име на вработените и малите штитеници, се заблагодарија на пакетчињата и напоменаа дека празниците и новогодишните подароци се радост за нив и децата и дека посебно им е мило што спортистите не ги забораваат и дека секоја година традиционално ги посетуваат и им прередуваат радост на нивните дечиња.

More from ВестиMore posts in Вести »