Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две лица извршиле напад во дом – повреден домаќинот, сопственик на локал ги нападнал гостите дел малолетни, сообраќајка на влезот во Битола

На 09.01.2026 во 03:30 часот во СВР Битола, О.Ш. (25) од Битола пријави дека на ул.„Караорман” во Битола, додека бил со сопругата и малолетната ќерка, бил нападнат од две лица  од Битола, кои употребиле и тврд предмет му нанеле повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.01.2026 во 11:00 часот во СВР Битола, С.М. (42) од Битола пријави дека во угостителски објект на ул. „Караорман” во Битола,  нејзините две малолетни деца  биле физички нападнати од сопственикот на локалот и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.01.2026 во 14:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „8 Септември“, ул. „Крсте Нале“ и ул. „Раштанска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 19 гдишник од Битола и патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано 46-годишната жена од село Кукуречани, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената возач констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.