На 14.01.2026 во 00:00 часот на ул.„Романија” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 30 годишник од Битола затоа што физички нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 13.01.2026 во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А. (44) од Битола, удрило во пешак на возраст од 62 години од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 14.01.2026 во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Филип втори македонски“ и ул. „Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М. (61) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките двете на возраст од 24 години од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по преземени мерки е констатирано дека возачот на патничкото возило „форд ескорт“ го управувал возилото под дејство на алкохол, односно во организмот имал 1,81 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 13.01.2026 во 14:20 часот на ул. „Баница” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 30 годишник од Битола затоа што при кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 13.01.2026 во 12:15 часот во СВР Битола, О.Т. (44) од Битола пријави дека во интернет клуб во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






