-На 21 февруари 2026 година (сабота), со почеток во 21.00 часот, во најдобриот ноќен клуб во Битола – “Расчекор“, ќе се одржи 7. по ред “ОРФЕЈ“ Ретро Журка, по повод 52 години од отворањето на диско клубот “ОРФЕЈ“.
-Со свежи сеќавања од минатото и со голем ентузијазам за иднината, какои претходните, и оваа журка ќе биде незаборавен настан за сите генерации. Една поинаква вечер полна со музика, забава и емоции, каде сите сте добредојдени, без исклучок!
-Присутните ќе ги забавуваат ди-џеите: ДЈ Николче Терзиевски и ДЈ Ile The Hair со своите диско, фанк, соул, рок, њу вејв, екс-ју музички сетови.
-Настанот како и досега, медиумски ќе биде помогнат од порталот “Bitolanews“.
На 20 јануари 1974 година, започна со работа „ОРФЕЈ“, првиот диско клуб во Битола (покасно ќе се испостави дека е и првиот диско клуб во Македонија), а своите моменти на најголема популарност доживува кога на диск-џокејската позиција се устоличува Николче Терзиевски. Клубот беше претесен да ги прими сите заинтересирани. Така, за да се спречи гужва на влезот и во самиот клуб, беше поставен еден предуслов, а тоа е: „Влез само парови“, што би значело дека доколку немате партнер од спротивниот пол, не можете да влезете во истиот. Паролата „Влез само парови“ е нешто што и ден денес се памти и се пренесува од генерација на генерација, како сведок на едно, далечно, но и блиско време.
Во чест на “ОРФЕЈ“ организатотите на 7. по ред “ОРФЕЈ“ Ретро Журка ве покануваат на ретро диско вечер со стил, вечер посветена на златната ера на музиката, кога ритамот беше искрен, танцот беше страст, а ноќите траеја подолго од часовникот.
Хитови што не стареат ќе ви “пуштат“ ди-џеите: ДЈ Николче Терзиевски и ДЈ Ile The Hair за да боде атмосфера што се памети и подиум што повикува на движење.
Ова не е само журка — ова е враќање во времето со современ дух. Клуб Расчекор – Битола на 21 февруари со DJ Терзиевски & DJ Ile The Hair и хитови што не стареат. Спомени што живеат. Добредојдовте во “ноќта на ОРФЕЈ“. Сите патишта водат ќе водат кон ноќниот клуб “Расчекор“.
Жанета Ристевска






