Во Битола беше одбележено отворањето на нов оперативен простор кој ќе го користи европскиот финтек и Web3 стартап “Paysolo“ – проект што со години се гради, при што значаен дел од неговиот развој и тим е поврзан со Битола.
“Paysolo“ е европски финтек стартап кој користи “блокчејн“ инфраструктура за да овозможи безбеден и јасен премин помеѓу традиционалните финансии и стабилните дигитални валути со јасен фокус на безбедност, едноставност и доверба. Решението е создадено со јасна визија за долгорочна стабилност и транспарентност, и е внимателно усогласено со европските регулативи, вклучително и најновата MiCA рамка.
Во изминатиот период, “Paysolo“ изгради силни и стратешки партнерства во “Web3“ екосистемот, меѓу кои и најголемото со “BCB групацијата“ која е еден од водечките европски ликвидни провајдери на најголемите светски крипто платформи. Платформата денес овозможува размена на фиат и стабилни дигитални валути за индивидуалци и компании во повеќе од 100 земји, преку стабилен и регулаторно усогласен модел.
“Блокчејн“ технологијата е срцето на решението што го гради “Paysolo“, технологија што ја менува логиката на финансискиот свет. Таа им дава можност на поединци, стартапи и компании да создаваат и да пристапуваат до инфраструктура без бариери. Оваа отвореност и глобалност се токму вредностите врз кои се темели визијата на Paysolo.
Ристе Илијовски, еден од основачите на “Paysolo“ на свеченото отворање рече:
-Да бидам искрен, тешко е во неколку реченици да се опише колку е долг и тежок патот само до оваа етапа. Години работа, развивање, неизвесност и одлуки нè доведоа од празна идеја до функционална европска платформа. Она што до скоро изгледаше невозможно, денес го претвораме во реалност, поврзувајќи два сложени финансиски светови, отворен благодарение на блокчејн технологијата и потенцијалот што таа го носи.
И покрај европската рамка во која работиме, “Paysolo“ има македонски идентитет и корени тука, токму во Битола. Пред нас има огромен потенцијал, но и уште поголема одговорност. Затоа поддршката, искрениот фидбек и довербата од заедницата ни се од круцијално значење – заедно да изградиме финтек бренд што ќе биде препознатлив далеку надвор од нашите граници и додаде:
-Сакам искрено да му се заблагодарам на тимот на “Paysolo“ за нивната посветеност, како и на сите партнери и соработници кои веруваа во нашата визија. Би сакал да се заблагодарам и на оние кои несебично го споделија патот со нас, дури и кога предизвиците беа најтешки за реализација! А денес би сакал да се задржиме токму на овој момент и на значењето што го има за нас и за Битола, а во некоја наредна прилика со задоволство би зборувале подетално за сè што “Paysolo“ може да понуди.
Новиот простор во Битола ќе се користи како оперативна и работна локација за дел од тимот, како и за интерни активности поврзани со развојот на самата платформа.
На крај, му посакуваме на тимот на Paysolo успешна понатамошна работа, стабилен раст и уште многу интернационални успеси.

Ваквите приказни ќе продолжат да ја позиционираат Битола како град на иновации и современи технолошки проекти.






