Press "Enter" to skip to content

Вечер премиера на “Пинокио“ по 30 години во Народен театар Битола (фото)

По повод новата премиера “Пинокио“ од Карло Колоди, која вечерва ќе биде прикажана на на сцената на Народниот театар во Битола се  одржа прес-конференцијата, на која беше речено дека се работи за приказна што и по повеќе од еден век нè потсетува дека патот до тоа да станеш „вистински“ минува низ искушенија, грешки и храброст.Директорот на Народен театар – Битола, Васко Мавровски рече:-Мислам дека имаме уште еден голем спектакл во којшто вложивме многу средства, народни пари од страна на Министерството за култура и мислам дека целосно ја оправдавме посветеноста на работата со деца и за деца, бидејки овој театар е Народен театар и овој театар треба да создава што е можно повеќе поквалитетни, поспектакуларни претстави. А Пинокио е пример за тоа како и останатите театри во државата треба да вложуваат и да создаваат театар посветен на децата.

Режисерот Деан Дамјановски истакна дека последната соработка со Битолкиот театар била пред 5 години на претставата „Сомнително лице“.-Овој пат направивме една таква синтеза или симбиоза меѓу возрасни, професионални актери и луѓе коишто го сакаат театарот. Некои од нив веројатно и ќе бидат еден ден на овие штици, млади луѓе кои безрезервно се втурнаа во оваа наша авантура. Можам да кажам дека процесот на работа беше доста интересен, пред се интересен и мислам дека со екипата многу добро се сработивме. Претставата носи една интересна порака за изборите кои ги правиме во животот, за тоа дека секогаш, секојдневно сме поставени пред некакви избори и дека некогаш правиме погрешни избори, но никогаш не е доцна човек да се врати на вистинскиот пат.Пред точно 30 години, во 1996 година актерката-првенец Валентина Грамосли беше Пинокио во постановката на Љупчо Ѓоргиевски. А овој пат улогата на Пинокио ја игра актерот Никола Стефанов.
-Мислам дека оваа улога е нешто што ќе ми остави длабока трага во мојот актерски живот. За мене Пинокио не е кукла која станува момче, туку е совест која станува гласна. Мислам дека преку Пинокио децата ќе добијат поракат дека со пократкиот пат во животот е искреноста, смелоста, а доколку се занимаваат со поинакви или како да речам лоши работи, патот знае да стане подолг. Направивме забавна и поучна претстава која ќе биде интересна и за млади и за стари, истакна Никола Стефанов.

Грамосли која беше Пинокио од пред 30 години, во оваа постановка го игра Штурецот.
-Пред триесет години бев Пинокио, а сега Штурецот. Пред триесет години бев една наивна кукла која што оживува и е втурната во животот, а сега Штурецот, којшто треба таа кукла да ја води. И навистина е многу тешко да се биде совест на една дрвена кукла, во смисла, тешко е да се биде совест на едно дете кое што не е расипано, туку е чисто и влегува во животот. Како што кажавме, како што веќе спомнаа, многу е важно да се избере точно. Доколку секој од нас во животот има еден штурец кој што ќе биде негова совест, мислам дека животот и светот ќе биде многу, многу подобар.

И Марјан Георгиевски не го криеше задоволството што е дел од “Пинокио“.-Пред 30 години бев на претставата “Пинокио“, во 1996 година, но како ученик од ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ како четврто одделенец и јас сум дел од оваа претстава. Оваа беше моја прва претстава која ја гледав во театарот и која остави големо влијание врз мене. Пред 30 години гледав како Џепето го изработува Пинокои, а денес јас на 40 години го глумам тој лик. Се нешто е поврзано со приказните кои ги играме  и е полно со емоции, и секогаш наново се раѓа магијата, театар и претстава. Многу сме возбидени и едвај чекаме да излеземе на сцена, многу наши битолчанчиња да ја гледаат и кај дел од нив да се јави љубов кон тетарот и некои да бидат и наши наследници.

Покрај нив во претставата се и: Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски.Во претставата играат и децата од театарска школа „Бабец“: Софија Наумовска, Ана Ангелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана, Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски и Николај Илијевски.

-Тие се дел од целиот процес – од првата проба до денес – растејќи заедно со приказната и внесувајќи и искрена детска енергија што не може да се одглуми, туку само да се живее, рече Мавровски.

Фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »