Вечерва на големата сцена на Народниот театар Битола се одржа “Премин 26“ здружен проект на Културен и информативен центар Битола со НУ Народен театар Битола, НУ Центар за култура, со поддршка на Општина Битола и и манифестира организациски и продукциски капацитети на културните установи во Битола.
-“Проект 26“ ја избриша границата меѓу жанровите. Звукот, светлината и тишината се испреплетуваа во искуство што не се слуша само со уши, туку се прима со срце, рекоа организаторите на настанот.
“Проект 26“ е музички проект на Оливер Јосифовски, а вечерва како учесници настапија Оливер Јосифовски, Вера Милошевска и Димитар Андоновски.
Вера Милошевска ги позрави присутните меѓу кои градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, директорот на КИЦ на Македонија во Софија – Зоран Пејковски…, и рече:
-Посебно ми е мило што сум вечерва во Битола на овој прекрасен празник Велигден, и ќе испееме нови песни испеани за Велигден, и нови песни во нови аражмани.
Покрај нив настапи и православниот хор “Св. Ангел Битолски“, Давор Јордановски, Михајло Михајловски, Христијан Јаневски, Андреј Трајковски, Александар Секуловски и Ристо Крстевски.
Сашо Ристевски











