Пелистер – Македонија ЃП 2:0 (0:0)
Екипата на Пелистер од Битола дојде до победа со Македонија Ѓорче Петров во борбата за опстанок, го победија еден од конкурентите, тоа е Македонија ЃП со резултат 2:0, а на полувреме играа без голови.
Битолчани со оваа победа ја започнаа борбата за спас на Пелистер во Првата лига, а првиот чекор напред е направен, а се уште има предизвици за останување во најквалитетното фудбалско друштво во Македонија.
Напреварото започна со иницијатива на Пелистер, но за жал без гол, кој им требаше што поскоро. Стефан Спировски во 30. минута ја имаше најдобрата шанса, биеше со глава, ама Пецов спаси од самата гол-линија. Следуваа 5-6 шута на голот на Македонија, а гостите немаа ниту еден шут кој голот на Јовчевски.
До одморот на полувреме Керим и Спировски за Пелистер се обидоа по еднаш, но без гол. Најдобрата жанса за гол ѓорчепетровци ја имаа преку Ајдоган кога Јовчевски спаси гол.
На стартот на вториот дел во 49. минута тимот на Марјан Секуловски го постигна посакуваниот гол за водство. Ивановски погоди за 1:0, по додавање на Кером од левата страна, а претходно акцијата ја започна Стефановски.
Во продолжението Пецов имаше шанса да израмни, а Македонија ЃП набрзо остана со десет фудбалери. Крај на неизвесноста под Тумбекафе стафи Србијанац со најдобриот гол за Пелистер сезонава во ПМФЛ и силен шут од преку дваесетина метри.
До крајот на натпреварот Пелистер имаше шанси за гол и поубедлива победа, Петковски и Мрмачовски не успеаја да погодат.
Пелистер е деветти во ПМФЛ со 29 бода, тоа е позиција која води во бараж.
Сашо Ристевски









