-И денес како и во изминатите две години, проближно на овој датим, беше весело и возбудливо на Шеталште во Битола каде голем број деца од различни возраст, трчаа на 3. детска трка “МИНИ Трчај бе“, организирана за најмалите и најмилите. Возбудени деца, во победнички и натпреварувачки дух, трчаа до целта,но имаше и по некоја солза ако не се победи или ако се падне…, но, и медали за сите.
-Водителскиот пар Мими и Цаци ги развеселуваа присутните во нивни стил и ја наравија трката поубава.
Денес, сабота, 13 јуни во Градскиот парк се одржа третата по ред трка за најмалите и најмилите “МИНИ Трчај бе“, каде деца трчаа и ја покажаа својата атлетска моќ. Оваа манифестација има цел да го поттикнува детското трчање, инспирирајќи ги најмладите и промовирајќи здрави животни навики. Забавната програма започна на Градското Шеталиште кај “скејт паркот“.
Стотици деца, како симболично рекоа организаторите “го презедоа“ градот и станаа главни јунаци на еден од најубавите семејни настани во регионот. Интересот и годинава со стотици деца учесници на трката која се одржа на градското шеталиштето, најидеалното место за одржување на ваква детска трка.
Инаку, “МИНИ Трчај бе“ е детска трка посветена на малите шампиони, со цел да ги вовлече во радоста и енергијата на трчањето и спортот. Ова е моментот кога децата го доживеја бодрењето од публиката и се почувствуваат како вистински победници, кога ќе ја преминат целта. Но фокусот не е само на победата, туку негување на љубов кон физичката активност и радоста.
Преку оваа трка, децата не само што ја искусија возбудата од трчањето, туку и научија вредни лекции за истрајност, спортски дух и добивање награда. “Мини Трчај Бе“, ја одржува традиција за детска трка во Битола, која ќе инспирира и ангажира генерации млади тркачи.
За крај, децата се родени да трчаат, тие се нашите супер херои, а сега, во Битола, е најголем дел од нив ја трчаа и третата своја трка “МИНИ Трчај бе“.
Некои трчаа по трет пат, а секако најинтесно им беше за оние мали дечиња на кои оваа им беше прва трка.
За најуспешните учесници организаторите подготвија и специјални награди, додека сите деца ќе заминат дома со свој медал и спомени од ден исполнет со дружење, игра и спортски дух, а не се трчаше само за резултат. Се трчаше за насмевки, нови пријателства, самодоверба и спомени кои децата ќе ги носат долго по завршувањето на трката.
Текст и фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2903″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”33″]









