Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер и Кузмановски се договорија, капитенот останува во Битола уште една сезона

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола со видео ја потврди голема вест за битолската публика поврзана со капитенот Филип Кузмановски кој останува во Битола и следната сезона.

Кузмановски потпиша продолжување на соработката со матичниот клуб Еурофарм Пелистер иако имаше неколку странски понуди од силни екипи, но се одлучи уштее дна сезона да биде “дома“ меѓу своите, меѓу битолчани.

Деновиве Кузмановски беше на позајмица во Кувајт Клуб и настапуваше за Азискиот шампионат. 

Кузмановски ќе биде предводник на тимот од Битола, а подготовките ќе ги започнатсо  легендарниот тренер Лино Червар. 

Кузмановски се врати во Еурофарм Пелистер во 2023 година, а претходно настапуваше за Металург, Еурофарм Работник, Магдебург, Хановер и Вецлар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »